Одобрeн буџетот на ЕУ за 2021 година
Законот за негово усвојување го потпиша претседателот на ЕП, Давид Сасоли.
Европскиот парламент денеска го одобри буџетот на Европската унија за следната година, во кој приходната страна изнесува 164,3 милијарди евра, додека расходниот дел е 166,1 милијарди евра, се наведува во информациите објавени на веб-страницата на ЕП.
Откако Советот на ЕУ во понедленикот официјално го одобри договорот меѓу членките, европратениците денеска го одобрија буџетот со 540 гласа „за“, 77 „против“ и 70 воздржани, по што законот за негово усвојување го потпиша претседателот на ЕП, Давид Сасоли.
Европратениците дополнително ги поддржаа програмите што се сметаат за клучни за зајакнување на растот и вработеноста и ги рефлектираат широко договорените приоритети на Европската унија: Дигитална Европа и Механизмот за поврзување на Европа (ЦЕФ), зајакнување на почитувањето на европските вредности и стимулирање на активностите во областа на климата.