ОДНЕСУВАЈТЕ СЕ СО НАСИЛНИЦИТЕ КАКО СО ПРИЈАТЕЛИ Необичните стратегии на еден психолог за справување со врсничкото насилство

Децата се учат да ги разбираат децата кои користат насилни форми на однесување и да ги гледаат како човечки суштества кои немаат никаква моќ над нив, освен моќта што им ја даваат тие. Наместо да ги осудуваат агресивните деца и нивните родители, тие треба да научат како да ја разбираат агресијата и да се справат со неа – својата и туѓата – на начин што води кон цивилизиран живот, смета училишниот психолог Изи Калман

94

Изи Калман е училишен психолог и психотерапевт кој има долгогодишно искуство во работа со деца жртви на насилство од врсници.

Тој развил многу интересен пристап за решавање на проблемот со насилството.
Неговиот пристап многу експерти го сметаат за контроверзен и се разликува од класичните програми за решавање на врсничко насилство кои се спроведуваат во училиштата.






Калман смета дека програмите за превенција од насилство во училиштата се целосно бескорисни и штетни.

Родителите грешат кога очекуваат училиштето или другите надлежни органи да го спречат вознемирувањето од врсниците. Овој пристап ги свртува децата едни против други, наместо да им помага на децата да научат правилно да се справуваат со несоодветното однесување на врсниците.

Целата поента е во детето и неговата моќ да го промени начинот на размислување, како и начинот на кој ги доживува насилниците. Не можеме да го промениме целиот свет за да не страдаат децата.

Калман гледа два пропусти во училишните програми за спречување на насилството меѓу врсниците. Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини