📷 ОДНЕСЕТЕ ГО ВАШЕТО ДЕТЕ НА ПРЕТСТАВАТА „ДОКТОР ОФБОЛИ“ Класична балетска сказна за вечната борба помеѓу доброто и злото

Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи.

377

Утре со почеток во 19 часот во Националната опера и балет ќе се изведе една од најгледаните балетски претстави за деца, „Доктор Офболи”.

Оваа класична балетска сказна ја прикажува вечната борба помеѓу доброто и злото, во која, како и секогаш, доброто ќе победи.






Претставата ја плени најмладата публика со прекрасната музика, живописните костими и сценографија и децата ја следат со големо воодушевување.

Кореографијата за оваа претстава ја создаде познатиот балет-мајстор од Русија, Михаил Крапивин, додека музиката е на Игор Морозов, работена е според сказната на К. Чуковски, а сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.

Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои ќе ја пренесат оваа возбудлива приказна на сцената.

 

Поврзани содржини