ОДМОРЏИИТЕ НЕКА СПАКУВААТ И ТРПЕНИЕ Километарски колони на македонско-грчката граница
Според информациите од грничниниот премин, гужвата се зголемила поради пад на компјутерскиот систем на грчките погранични власти.
Километарски колони возила по неколку часа чекаат на граничниот премин Евзони на влезот од Грција во Македонија, пренесува МКД.мк
Според информациите од грничниниот премин, застојот бил предизвикан поради пад на компјутерскиот систем на грчките погранични власти.
Колоните се големи и за излез од Македонија. На граничниот прмеин Богородица се чека повеќе од 3 часа и 30 минути.
Подолга колона има на граничниот премин Дојран каде се чека во просек по 2 часа и 30 минути.
Зголемена фреквенција има и на северната граница. За влез во Македонија на граничниот премин Табановце се чека повеќе од 1 час.