ОДМАЗНИЧКИОТ ЗЛАТЕН ФУСТАН НА МАЈЛИ САЈРУС Поради овој детаљ луѓето мислат дека оскаровката ѝ го растурила бракот со Лиам Хемсворт (ВИДЕО)

Во видеото добиваме неколку навестувања кои откриваат детали од нејзиниот приватен живот, а токму кога помисливме дека имаме сѐ, се појави уште еден.

1,488

Песната за која сите зборуваат, но и спотот, дефинитивно е новата нумера „Flowers“ на Мајли Сајрус. Во видеото добиваме неколку навестувања кои откриваат детали од нејзиниот приватен живот, а токму кога помисливме дека имаме сѐ, се појави уште еден.

Досега имавме референца за тоа дека нивната куќа изгорела во пожар, дека го снимила спотот за „Flowers“ во куќата која нејзиниот поранешен сопруг Лиам Хемсфорт ја користел за швалерисување, дека го облекла неговиот костум во видеото од премиерата на која тој ѝ рече дека конечно треба да почне да се однесува како што треба. А спотот за „Flowers“ е објавен на неговиот роденден.

 






@putterjax Tell us Miley! Queen of shade #mileycyrus #flowers #liamhemsworth #jenniferlawrence @Joshua Pingley ♬ Flowers – Miley Cyrus


Сега добивме уште еден интересен детаљ којшто може да значи нешто, а може да биде и само случајност.

Во видеото, Мајли носи винтиџ златен фустан на Ив Сен Лоран од 1991 година, кој е многу сличен на оној што Џенифер Лоренс го носеше на премиерата на „Игра на гладта“, филм во кој глумеше со нејзиниот поранешен сопруг Лиам. Џенифер во една прилика рече дека порано се забавувала со Лиам. Сега сите се прашуваат дали е ова референца на тоа што и таа спаѓа во групата од 14 девојки кои Лиам ги однел во куќата од спотот.

Можеме само да претпоставуваме дали ова е „суптилно“ навестување и прозивање или само случајност.

Инаку, песната „Flowers“ Мајли ја објави токму на роденденот на Лиам Хемсворт – 13 јануари. Песната веќе соборува рекорди.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини