Одмаздата на популизмот или – вонбрачното дете на Зоран Заев кое му се враќа на својот татко

Ако веќе се сметаш за потомок на Гоце, Јане, Ченто и останатите, треба да знаеш дека тие луѓе ги жртвувале и здравјето и животот за да ја освојат слободата.

3,287

Ако сака Мицковски да го сруши овој режим (а тоа мора да се случи на избори), ќе мора најпрвин да ја обедини опозицијата, парламентарната битка да ја искомбинира со притисокот на улицата и врз база на тоа да се врши притисок за нови избори.

Поинаку речено, тој притисок треба да биде и институционален и вониституционален. И елитистички и популистички.






Или, да се направи комбинација од она што Рудолф Дучке го нарече „долг марш низ институциите“ и сето тоа зајакнато со притисокот на улицата.

Претходно, ќе мора да се понуди сеопфатна реформа во сите сфери на опшественото живеење. И сето тоа да се поткрепи со личен пример, со тоа што, за почеток, партијата ВМРО би ја подарила Белата палата на некоја хуманитарна организација и би се ослободила од службените автомобили.

Што се однесува до враќањето на улицата во политиката, тоа, всушност, е враќање на изворниот метод кој овој режим и го доведе на власт. Тоа е одмаздата на популизмот, или поточно, тоа е вонбрачното дете на Зоран Заев кое му се враќа на својот татко.

Притоа, опозицијата треба да е свесна дека со маски на лицето не може да се сруши овој режим или да се изнудат било какви отстапки. Ако веќе се сметаш за потомок на Гоце, Јане, Ченто и останатите, треба да знаеш дека тие луѓе ги жртвувале и здравјето и животот за да ја освојат слободата.

(ФБ статус на авторот, насловот е редакциски)

Поврзани содржини