ОДМАЗДА ЗА ВЕЦЕАТА?! Перо Камиказа зел 14.000 евра од дочекот на Новата година

Самиот Георгиевски откако вчера беше прозван од СДСМ да каже дали градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ја ангажирала неговата фирма КЛС, рече дека примил 14.000 евра за озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад.

8,172

Фирмата за озвучување на Петар Георгиевски-Камиказа, кој беше независен кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка од Левица, добила 14.000 евра од Град Скопје за организација на дочекот на Новата Година.

Ова го одговори самиот Георгиевски откако вчера беше прозван од СДСМ да каже дали градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ја ангажирала неговата фирма КЛС за озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад.






„Eпа јас со бројки ќе ве удостојам! 14.000 евра наспрема 165.000 на Шилегов за организација и озвучување! Кривична пријава од антикорупциска имате за нова година! Значи ни 8 отсто од сумата на Шилегов не чинеше оваа Нова година! Ова ви е одмазда за вецеата, нели!?“, напиша Перо Камиказа на својот профил на Фејсбук.

„Наместо да се крие зад штури соопштенија, Данела Арсовска треба да излезе пред граѓаните и да каже кој платил за ангажманот на Камиказа“, побараа вчера од СДСМ.

Поврзани содржини