ОДЛУКИТЕ НА ТОШКОВСКИ СЕ ПОНИШТЕНИ ЗАШТО НЕМАА ВТОР ПОТПИС Такви се процедурите во техничка влада, вели Џафери

Владата поништи пет наредби на министерот за внатрешни работи во техничката влада Панче Тошковски.

459

Законот е јасен дека треба да има врзан потпис, рече денеска техничкиот премиер Талат Џафери во однос на вчерашната одлука на Владата да поништи пет наредби на министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски.

Формално, рече Џафери, ако нема врзан потпис се поништуваат, после постапката кога ќе потврди нешто друго се преземаат соодветни одговори и постапки согласно процедурата.






– Сега засега се такви процедурите – изјави Џафери.

 

„ВО НОВО СЕЛО НЕМА КОЈ ДА ГИ ИЗДАВА ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ“ Министерот Тошковски вели дека е скандалозно што Владата ги поништила неговите наредби

 

 

Поврзани содржини