ОДЛУКАТА ЗАСЛУЖУВА ПОЧИТ Пораки од светски лидери до Бајден

Ова веројатно е најтешката во вашиот живот, напиша претседателот на Полска, Доналд Туск во пораката до Џо Бајден чпо неговата одлука да се повлече од трката за нов мандат во Белата куќа.

1,168

Германскиот канцелар Олаф Шолц го пофали американскиот претседател Џо Бајден откако ја објави својата одлука да се откаже од претседателските избори во САД во 2024 година.

„Мојот пријател Џо Бајден постигна многу: за својата земја, за Европа, за светот. Неговата одлука да не се кандидира повторно заслужува почит“ – напиша Шолц на X.






Израелскиот претседател Исак Херцог му се заблагодари на Џо Бајден за неговата децениска поддршка на „израелскиот народ“, откако американскиот лидер објави дека се откажува од претседателските избори.

„Сакам да упатам срдечна благодарност до Џо Бајден за неговото пријателство и цврста поддршка за израелскиот народ во неговата повеќедецениска кариера“ – напиша Херцог, на социјални мрежи.

Полскиот премиер Доналд Туск во порака до Бајден, нагласи дека ја направил „демократијата посилна“, откако американскиот лидер објави дека се откажува од трката за Белата куќа.

„Донесовте многу тешки одлуки благодарение на кои Полска, САД и светот се побезбедни, а демократијата посилна. Знам дека бевте водени од истите мотиви кога ја објавивте вашата конечна одлука. Веројатно најтешката во вашиот живот“ – напиша Туск на Х.

Поврзани содржини