ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД ЗА ПРОТОКОЛОТ СО БУГАРИЈА НЕМА ДА ВЛИЈАЕ НА ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА Муцунски очекува дијалог, соработка и европско однесување од Софија

Не мислам дека самата одлука ќе влијае врз реализација на нашата стратешка цел, ниту врз содржината на рамката која државата ја има со ЕУ, бидејќи самиот протокол не е формално правен дел од Преговарачката рамка, вели министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. 

306

На новинарско прашање за постапката пред Уставниот суд за оценка на уставноста на протоколот со Бугарија денеска одговараше и премиерот Христијан Мицкоски. Тој упати дека за иницијативата најдобро е да се праша поранешната пратеничка Лилјана Поповска, која ја поднесе иницијативата пред судот.

– Апсолутно ние никогаш нема да се повелечеме од преговорите со ЕУ, тоа не е цел на оваа Влада. Напротив, наша цел е да бидеме дел од ЕУ. Околу поднесокот на поранешната пратеничка Поповска таа треба да ви даде одговор. Да почекаме Уставниот суд да донесе конечна одлука поврзана со таа иницијатива – рече Мицкоски.

Уставниот суд завчера информираше дека е формиран предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.7.2022 година во Софија, за кој во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување одлука.

Подносител на иницијативата е поранешната пратеничка и претседателка на ДОМ Лилјана Поповска, која наведува дека со оспорениот протокол е прекршен Уставот и тврди дека има несоодветна форма и содржина, дека излегува надвор од рамките на правен акт кој обработува еден член од Договор меѓу две земји и произведува штетни дејствија врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава. Поповска бара Судот да го поништи протоколот.

Поврзани содржини