ОДЛУКАТА Е КОНЕЧНА Кралицата Елизабета ја напушта Бакингемската палата
Се чини дека кралицата сака да поминува што повеќе време на местото каде што била најсреќна и ги поминала последните моменти со својот сакан сопруг.
Кралицата Елизабета Втора (95) нема да се враќа во Бакингемската палата, туку одлучи да го прогласи замокот Виндзор за своја официјална резиденција, каде што ќе живее и ќе ги извршува своите должности.
Британската кралица отсега има намера поголемиот дел од работата да ја извршува од дома, а во замокот Виндзор ќе прима и официјални посети. Поради влошената здравствена состојба, кралицата ќе се откаже и од повеќето службени патувања, кои отсега ќе ги извршуваат нејзините наследници.
Кралицата живееше во замокот Виндзор поголемиот дел од времето во последните две години, откако започна пандемијата на коронавирусот, и таму таа и принцот Филип ги поминаа последните моменти од неговиот живот.
Се чини дека кралицата сака да поминува што повеќе време на местото каде што била најсреќна и ги поминала последните моменти со својот сакан сопруг.
„Виндзор е нејзиното омилено место. Таа ги создаде најубавите спомени со Филип, таму се нејзините животни, а остатокот од семејството живее во близина. Затоа нејзината одлука има смисла”, рекол кралскиот новинар Хуго Викерс.