За австралиската актерка и комичарка Селест Барбер, Инстаграм е непресушен извор на инспирација за нови фотографии. Таа се прослави со своите иронични и урнебесни имитации на совршени, понекогаш и нереални фотографии на познатите личности, а речиси секојдневно покажува како „обичните“ луѓе би изгледале во апсурдните пози на славните.
Сега таа беше инспирирана од пејачката Рита Ора со нејзината разголена фотографија.
„Немојте воопшто да глумите дека го читате описот“, напишала таа саркастично на Инстаграм, каде ја следат 7,4 милиони луѓе.
Фотографијата собра повеќе од 550.000 лајкови и илјадници коментари.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм