ОДЛОЖЕНА ПРИМЕНАТА НА ДАНОКОТ НА ЈАГЛЕРОД ЗА ЃУБРИВА ВО ЕУ Одлуката ќе се применува ретроактивно од 1 јануари

Механизмот за прилагодување на ограничувањето на јаглеродот (CBAM), стана целосно оперативен во 2026 година, но Франција и Италија побараа привремено да се се суспендира данокот за да се заштитат европските земјоделци.

47

Европската комисија одлучи да ја суспендира примената на даноци на јаглерод за увоз на ѓубрива, објави француската министерка за земјоделство, Ан Женавар.

Франција и Италија побараа пред состанокот на министрите за земјоделство на ЕУ  ѓубривата да бидат исклучени од Механизмот за прилагодување на ограничувањето на јаглеродот (CBAM), барем привремено, за да се заштитат европските земјоделци.






Даноците на јаглерод за ѓубрива се суспендирани ретроактивно од 1 јануари оваа година.

Данокот на јаглерод е инаку данок за увоз на стоки од земји со поблаги климатски прописи, кој има за цел да ги изедначи условите со домашните производители, да спречи „истекување на јаглерод“ во форма на преместување на индустријата, а во исто време да поттикне почисто производство во светот.

За таа цел, Европската Унија го имплементираше својот систем познат како Механизам за прилагодување на ограничувањето на јаглеродот (CBAM), кој станува целосно оперативен во 2026 година.

Поврзани содржини