ОДЛОЖЕНА ПОСЕТАТА НА ПЕТКОВ НА СКОПЈЕ Бугарскиот премиер ќе нè посети откако ќе му заврши периодот на изолација

Бугарската влада информираше дека Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе бидат во самоизолација во наредните денови.

471

Посетата на премиерот на Бугарија Кирил Петков на Скопје не се откажува, туку се одложува, соопшти прес-службата на бугарската Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков, кој е во изолација поради контакт со заразен од ковид-19, привремено на сите испланирани средби ќе го менува вицепремиерката Калина Константинова.






Претходно, бугарската влада информираше дека Кирил Петков и шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова ќе бидат во самоизолација во наредните денови.

Петков продолжува да работи од самоизолација и е во постојан контакт со членовите на бугарската влада. Тој ќе ја одржи онлајн денешната средба со работодавачите.

Петков присуствуваше на вчерашниот состанок на Советодавниот совет за национална безбедноста кај претседателот Румен Радев на кој се расправаше за Македонија. Неколку часа по состанокот беше објавено дека претседателот на Народното собрание Никола Минчев има коронавирус, по што сите присутни се самоизолирани.

Поврзани содржини