ОДЛОЖЕН НОВИОТ ПАКЕТ ЕВРОПСКИ САНКЦИИ ЗА РУСИЈА Откажувањето од руските енергенси стана приоритет по барање на Трамп

Комисијата утре требаше да им го претстави 19-тиот пакет санкции на амбасадорите на 27-те земји-членки на ЕУ.

212

Европската комисија денеска го одложи презентирањето на последниот пакет санкции против Русија бидејќи се бара одговор на барањето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, Унијата да го забрза откажувањето од руската нафта и гас, соопштија во претставници на ЕУ.

Комисијата утре требаше да им го претстави 19-тиот пакет санкции на амбасадорите на 27-те земји-членки на ЕУ. Пакетот вклучува санкции против руските банки, таканаречената „сива флота“ што ги избегнува санкциите, и дополнителни мерки против заобиколување на санкциите во трети земји.






Нов датум за дискусија за пакетот не е одреден.

Во последните денови, американскиот претседател Доналд Трамп го интензивираше притисокот врз Европската Унија да ги намали приходите од енергија за Москва во обид да ја запре војната во Украина.

Вашингтон бара ЕУ да воведе високи трговски тарифи за Индија и Кина, најголемите купувачи на руска нафта, и самата да престане да увезува руски енергетски производи.

Европа веќе планира да престане да купува руска нафта и гас до 1 јануари 2028 година, што се смета за амбициозна цел, но е клучно за земјите-членки да не се соочат со нагло зголемување на цените на енергијата или недостиг на снабдување во меѓувреме. Сепак, администрацијата на Трамп бара процесот да се забрза.

Европските претставници истакнуваат дека е малку веројатно блокот да воведе високи тарифи за Индија или Кина, бидејќи ги третира тарифите поинаку од санкциите.

Поврзани содржини