ОДЛИЧНИ РЕЗУЛТАТИ ЗА „ЏОНСОН“ Бустер дозата на оваа вакцина е 85% ефикасна против хоспитализација поради омикрон

Утврдивме ефективност од 85 проценти и откривме дека ефективноста на овој тип вакцина се одржува по два месеци. Многу сме среќни што можеме да пријавиме многу високи нивоа на ефикасност на вакцината против омикрон, вели Гленда Греј.

843

Бустер дозата од вакцината „Џонсон и Џонсон“ против ковид-19 е 85 проценти ефикасна во заштитата од хоспитализација поради варијантата омикрон 1-2 месеци по вакцинацијата, рече претседателот на Јужноафриканскиот совет за медицински истражувања (SAMRC).

Гленда Греј ги претстави наодите од студијата на „SAMRC“ на брифинг на јужноафриканското Министерство за здравство за петтиот бран на ковид-19, предизвикан од ширењето на новата омикрон варијанта.






– Утврдивме ефективност од 85 проценти и откривме дека ефективноста на овој тип вакцина се одржува по два месеци. Многу сме среќни што можеме да пријавиме многу високи нивоа на ефикасност на вакцината против омикрон – рече таа.

Пад за 63% во хоспитализацијата во првите две недели

Во студијата учествувале 477.234 здравствени работници, од кои сите биле вакцинирани со вакцината „Џонсон“. Од нив, 236.000 – околу половина – добија бустер доза. Испитувана е хоспитализацијата кај здравствените работници инфицирани во четвртиот бран и беше откриено дека бустер дозата ги намалува хоспитализацијата за 63 проценти во првите две недели по примањето на дозата, по што заштитата беше зголемена на 85 проценти помеѓу 1-2 месеци.

– Ова е првиот светски доказ за ефикасноста на вакцината (против омикрон) со помош на вакцината „Џонсон“, рече Греј.

Јужноафриканските власти досега ја фаворизираа вакцината „Фајзер“, тие дадоа 21 милион дози, три пати повеќе од проценетите 7 милиони дози на „Џонсон и Џонсон“. Сепак, вакцината на „Џонсон“ се смета за многу попожелна од логистика бидејќи е еднократна вакцина која е полесна за администрирање во оддалечените рурални области каде што мониторингот може да биде тежок.

Податоците ги потврдуваат веќе силните глобални докази дека омикрон може да избегне заштита од вакцини кога станува збор за првичната инфекција.

Поврзани содржини