„Одличната вест“ за вакцините од „Фајзер“ за Македонија

2,799
Македонија ќе добие 5.850 дози од „Фајзер“ во февруари. Србија, која не е членка на ЕУ, доби околу 5.000 дози во декември. Доби неколку илјади и од Спутник (за која уште не сум чул дека некој во светов има забелешки, освен русофобите во Македонија). Во јануари Србија ќе добие уште дози и од различни производители.





Премиерот изјави дека не сме сакале да земеме толку малку дози колку Србија, за да не се создаде непријатно чувство меѓу луѓето кој прв ќе ја прими.
1. Глупости! Кој и да ја прими прв, тоа се неколку илјади потенцијално спасени животи.
2. Пак добивме толку! Само со задоцнување од околу два месеци.
Па, сега, не знам како ова со вакциниве е „одлична вест“?
Ова е само уште една срамота и ја покажува неспособноста на власта во секоја сегмент од нашето живеење.
(ФБ статус на авторот)
Поврзани содржини