ОДЛИЧНА ВЕСТ ОД ТОКИО Реџепи излезе од карантин и ќе го вее знамето со Георгиевски на отворањето

Реџепи вчера беше изолирана по наредба на ИОК, бидејќи за време на летот Франкфурт – Токио седела во близина на лице кое е позитивно на ковид-19.

274

Одлична вест од Токио, која беше потврдена и од членовите на нашата делегација на Олимпијадата. Имено Арбреша Реџепи откако беше во каратин 24 часа, излезе од изолација и ќе биде наш знаменосец, заедно со Дејан Георгиевски на свеченото отворање на Олимпијадата, кое е закажано за денеска со почеток во 13 часот, објави ТВ24.

Реџепи вчера беше изолирана по наредба на ИОК, бидејќи за време на летот Франкфурт – Токио седела во близина на лице кое е позитивно на ковид-19. Таа е веќе петти ден во Токио, а по добивањето и на петтиот негативен тест на коронавирусот, како и 24-часовната изолација ќе може мирно да се подготвува за настап.






Арбреша Реџепи настапува на 25 јули, во џудо, во категоријата до 52 килограми, каде за прв противник ја има Британката Жил Челси. Во истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во нејзината категорија.

Поврзани содржини