Ѝ одлетале венчаницата и бидермаерот по експлозијата во Бејрут (ВИДЕО)
Невестата позирала насмевнувајќи се, по што се слушнала силна детонација. Нејзиниот фустан и букетот буквално одлетале во тој миг, камерата снимила чад и разурната околина.
По експлозијата која вчера се случила во Бејрут, во која загинале повеќе од 100 лица, а повредени се повеќе од 4.000, од овој град почнаа да се обелоденуваат страотни фотографии и снимки. Една од нив којашто осамна на социјалните мрежи е и снимката од невеста која токму во миговите кога се случила несреќата се фотографирала за својот свадбен албум.
Невестата позирала насмевнувајќи се, по што се слушнала силна детонација. Нејзиниот фустан и букетот буквално одлетале во тој миг, камерата снимила чад и разурната околина.
Видеото го забележало и моментот кога невестата и младоженецот почнале да бегаат од улицата прекриена со урнатини и чад.
A bride captured shooting her wedding photos moments before the explosions. Disturbing!!
#PrayForLebanon #Beirut pic.twitter.com/sLN8rXLFZg— #StaySafe (@Iamhornsby) August 5, 2020