ОДИМЕ НА ПОБЕДА ВО ВТОРИОТ КРУГ Герасимовски им се заблагодари на центарци за поддршката

Убеден сум дека со исто темпо и мотивација за работа во вториот круг ќе извојуваме уште една голема победа, рече Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на СДСМ во Општина Центар.

489

Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на СДСМ во Општина Центар им се заблагодарува на сите граѓани кои му ја дадоа поддршката и довербата во првиот круг на локалните избори.

– Им благодарам на сите коишто несебично се вложија во овие избори, да ме поддржат мене и мојот тим. Но, битката не е завршена. Убеден сум дека со исто темпо и мотивација за работа во вториот круг ќе извојуваме уште една голема победа – рече тој.






Герасимовски испраќа и порака дека остануваат уште две недели од кампањата во кои треба да се пренесе пораката дека Центар останува демократска, напредна и силна општина.

– Уште од денеска ја продолжуваме кампањата за што ве повикувам сите да ни се придружите – порача Герасимовски.

Поврзани содржини