„Одиме на европско“ објави нова навивачка химна (ВИДЕО)

Автори на музиката и текстот се Саше Љолес и Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, кои ја изведуваат како дел од групата „ВИС Рисови“, заедно со Никола Бочваров, Танче Гроздановски и Слободан Хаџи-Илиев.

771

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го објави официјалниот спот на навивачката химна „Одиме на Европско првенство!“, направена специјално по повод првото учество на нашата фудбалска репрезентација на едно големо меѓународно натпреварување.

Автори на музиката и текстот се Саше Љолес и Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, кои ја изведуваат како дел од групата „ВИС Рисови“, заедно со Никола Бочваров, Танче Гроздановски и Слободан Хаџи-Илиев. Меѓу придружните вокали се и Симе Златков, Дени Крстев и Васко Атанасовски, сите дел од скопската урбана музичка сцена.






Режисер на спотот е Огнен Шапковски.

Европското првенство, што ќе се игра во 11 држави, почнува на 11 јуни, а Македонија го има првиот настап два дена подоцна, против Австрија во Букурешт.

 

 

Поврзани содржини