ОДИМЕ КОН ЕКОНОМИЈА БАЗИРАНА НА ИНВЕСТИЦИИ Буџетскиот дефицит за 2022 година ќе се троши за капитланите проекти

Министерот за финансии вели дека вкупните инвестиции од сегашните 30 отсто од БДП ќе стигнат во 2026 година до 38 отсто од БДП.

146

Од втората половина на 2022 година очекувањата се да се вратиме на нивото пред кризата, во 2019 година. Преку зајакнување и зголемување на бруто инвестициите ќе се зголеми и продуктивноста, ќе се подобри трговскиот биланс, односно конкурентноста на економијата и тоа ќе го повлече растот, изјави министерот за финансии, Фатмир Бесими за ТВ Сител.

– Вкупните инвестиции од сегашните 30 отсто од БДП ќе стигнат во 2026 година до 38 отсто од БДП. Значи од една потрошувачка економија ќе се преструктуираме кон економија што ќе се базира на инвестиции – рече министерот за финансии.






Тој рече дека со намалување на буџетскиот дефицит од 6,5 отсто годинава на 4,3 отсто следната година се успеало да се зголеми учеството на капиталните расходи.

-Учеството на капиталните расходи во вкупните расходи е 14 отсто и тие се на ниво од 615 милиони евра, што значи дека има кратење од 7 отсто кај расходите за стоки и услуги, со ставен фокус при кратењето на несуштинските трошоци. Така што ова е позитивен сигнал во однос на структурата на буџетот – рече министерот.

Клучно според министерот, е што задолжувањето за дефицитот ќе биде само за капитални расходи и е обезбедено финансирањето.

Во однос на реализацијата на капиталните расходи потенцира дека е важно да се подобри сликата и дека за тоа се усвоени повеќе планови, но дека и реализацијата на капиталните расходи историски гледано е подобра, односно таа лани изнесуваше 81 отстo на крајот на годината, од почетокот на годината реализацијата е 56 отсто, а имало години кога таа била под 60 отсто па и до 40 отсто.

 

Поврзани содржини