„ОДИ ПОКРАЈ МЕНЕ СОВРШЕНА ЖЕНА, А НЕНОРМАЛНИВЕ ПАК ПО МЕНЕ СЕ ВРТАТ!“ Ден за подигнување на јавната свест за албинизмот
Зошто си вака бел? Се фарбаш? Може да ти ја допрам косата? Ова е тројството најглупи прашања што ми ги поставуваат луѓето. Нонстоп некој ме зјапа, коментира, дофрла, вели најпознатиот албино Македонец, писателот Александар Русјаков. Со него зборувавме по повод интернационалниот ден за подигнување на јавната свест за албинизмот-13 јуни, ама не денес, туку пред цели 3 години.
Создадени да блескаат, токму такви се луѓето со албинизам, за едни – светци, за други – вампири, трети им поставуваат глупи прашања. Зошто си вака бел? ’Се фарбаш? Може да ти ја допрам косата? Тоа е тројството најглупи прашања што ми ги поставуваат‘, вели најпознатиот албино Македонец, Александар Русјаков, писател, колумнист, филмски сценарист.
(Неодамна можевме да го гледаме филмот „Лена и Владимир“, во режија на Игор Алексов, а по негово сценарио, филм кој минатиот месец освои награда за најдобар филм во Ајова).
Инаку, цел живот го гледам низ градов, дали е блиску или далеку од мене, сеедно, постојано го забележувам.
Не можеш да не го видиш.
И не само затоа што е висок и има долга коса, туку затоа што неговата долга коса е сосема бела, а бел е и тој, баш како светец или можеби како вонземјанин.
Ама јас не сум зјапач, поминувам покрај него како да е невидлив. Дури и повеќе би го загледала заради некои откачени очила или шарена јакна кои знае да ги носи, ама претпоставувам дека сите го зјапаат, па не го правам тоа, си го гледам патот.
Бидејќи денес (13 јуни) е интернационалниот ден за подигнување на јавната свест за албинизмот, а во меѓувреме, односно, од 2021 кога по истиот повод направив интервју со него, не запознав некој друг воврен во албино кожа, решив да го преобјавам истото.
Зошто да не?
Го прочитав и ми беше интересно како и првиот пат.
Прочитајте повеќе на „Мајка и дете“.