📽 ОДИ ПИПНИ ГО МЕСИ ДА ТЕ ВИДАМ! Бекам ангажираше човек кој го следи Лео дури и покрај теренот
Телохранителот на својата работа и пристапува максимално сериозно и има одврзани раце да го сопре секој што ќе ја премине границата. Во тој момент тој станува закон, а никој не смее да му застане на патот. Безмилосниот телохранител има задача и на натпреварите, може да се види како трча по Лео покрај теренот и се грижи никој да не притрча да го гушне.
Таму каде што е Меси, таму е и тој, неговата сенка. На својата работа и пристапува максимално сериозно и има одврзани раце да сопре секој што ќе ја премине границата.
Аргентинецот на почетокот се надеваше дека може да живее опуштено, но за кратко време сфатил дека на секој чекор ќе му треба помош од телохранител особено кога доаѓа на стадионите.
Така сопственикот на клубот Дејвид Бекам многу брзо реагираше и ангажираше човек кој будно го следи Лионел Меси, па дури и навивачите забележаа дека тој е на речиси сите фотографии и видеа кои ги прават пред натпреварите, за време и по средбите на Интер Мајами.
На својата работа и пристапува максимално сериозно и има одврзани раце да го сопре секој што ќе ја премине границата. Во тој момент тој станува закон, а никој не смее да му застане на патот. Безмилосниот телохранител има задача и на натпреварите, може да се види како трча по Лео покрај теренот и се грижи никој да не притрча да го гушне.
Неговото име не и познато на јавноста, но наводно станува збор за поранешен американски специјалец кој бил на првата линија на вооружените борби во Ирак и Авганистан. Телохранителот, чиј идентитет не се открива, не го пушта Меси дури сам да оди во тоалет.
„Овој тим не се шегува“, „Скенира како Чави во најдобрите денови, Меси е во сигурни раце“, „Мајами добро се грижи за најдобриот во историјата“, се само некои од коментарите.
Who’s Messi’s bodyguard – The man follows Messi everywhere #Messi #FYP #Argentina #InterMiamiCF pic.twitter.com/s5yoAQhUKV
— [email protected] (@salessharrif) August 11, 2023