ОДИ КАЈ БЕКАМ Меси го избра Интер Мајами

322

Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи во МЛС тимот на Интер Мајами, каде еден од сопствениците е Дејвид Бекам.

Откако светските медиуми ја пренесоа оваа вест во текот на денот, трансферот го потврди Лионел Меси кој објави дека негова следна дестинација ќе биде Флорида.






– Донесов одлука да одам во Мајами. Се уште немам потпишано договор, но недостасуваат само неколку работи и заклучивме дека сме на истиот пат. Кога не испадна враќањето во Барселона, решив да си заминам од Европа – вели Меси.

Претходните две сезони Аргентинецот ги мина во Пари Сен Жермен, но неодамна го напушти францускиот гигант, а сега за првпат би требало да игра надвор од Европа.
Поврзани содржини