Оскаровката Џоди Фостер внимателно го крие приватниот живот од очите на јавноста, но доделувањето на наградата Златен глобус ја прслави во домашното издание и во друштво на својата сопруга Александра, со која е во брак од 2014 година.
Доделувањето на Златните глобуси, престижна филмска и ТВ-награда, што е најважно по Оскарите, се случи оваа година во посебни услови поради коронавирусот.
Многу sвезди ја следеа наградата од топлината на своето домашно издание исто како славната оскаровка Џоди Фостер.
Фостер, која ретко може да се види во јавноста во друштво на нејзината сопруга Александра, ја следеше наградата буквално во свилени пижами со потпис на „Прада“ и ненаметлива шминка.
Џоди (58) и Александра не го криеја задоволството кога Џејми Ли Кертис прочита дека токму Џоди е наградена како најдобра споредна актерка во филмот „Мавританецот“ за улогата на Ненси Холандер.
„Ја сакам мојата сопруга, ти благодарам, Алекс“, рече Џоди, која токму на Златните глобуси 2013 година ја откри својата сексуална ориентација, и ја бакна Александра.
Џоди и Александра, инаку фотографка, се венчаа во април 2014 година по една година врска.
Откако беше прогласена за најдобра актерка, Фостер им се заблагодари и на своите колеги од филмот: Кевин Мекдоналд, Тахар Рахим, Бенедикт Камбербач и Шајлин Вудли.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм/Твитер