ОДГОВОРОТ НА МОСКВА ЌЕ БИДЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ Захарова зборува за членството на Финска во НАТО

Одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување и ќе биде преземен пред сѐ од војската, откако ќе се земат предвид голем број фактори што ќе бидат специфични за членството на Финска во Северноатлантската алијанса, рече Захарова.

826

Одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување и ќе биде преземен пред сѐ од војската, рече портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, пренесува агенцијата Тасс.

– Одговорот на Москва на одлуката на Финска да влезе во НАТО ќе биде изненадување и ќе биде преземен пред сѐ од војската, откако ќе се земат предвид голем број фактори што ќе бидат специфични за членството на Финска во Северноатлантската алијанса – рече Захарова.






На прашањето на фински новинар за воено-техничките мерки што Русија планира да ги преземе против Финска поради нејзината апликација за членство во НАТО, Захарова рече дека тоа би било „изненадување“.

– Со ова прашање ќе се занимава нашето Министерство за одбрана. Ќе донесеме одлука откако ќе земеме предвид голем број фактори и детали за тоа како ќе напредува пристапот на Финска во НАТО. Одлуката ќе биде донесена врз основа на сите овие фактори, но неа пред сѐ ќе ја донесе војската – нагласи портпаролката.

Поврзани содржини