ОДГОВОРЕН СУМ АМА НЕ СУМ ВИНОВЕН ЗА СМРТТА НА 14 ЛУЃЕ Српскиот министер за градежништво поднесе оставка

Тој посочи дека „ниту тој, ниту луѓето кои работат со него немаат ни трошка одговорност за трагедијата што се случи“.

694

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени, јави РТС.

– Досега не се огласив од почит кон жртвите и нивните семејства. Оставка поднесов истиот ден кога се случи несреќата во Нови Сад. Сакам да ве информирам дека утре наутро ќе ја поднесам мојата оставка до премиерот, а кога Собранието на Србија ќе ја констатира оставката, ќе престанам да ги извршувам министерските обврски и во техничкиот мандат. Поднесувам оставка како одговорен човек, не можам да прифатам одговорност за несреќата што се случи, а сигурен сум дека истрагата ќе утврди дека никој од луѓето со кои работам не е одговорен. Нема вина во нашето работење – рече Весиќ.






Тој посочи дека „ниту тој, ниту луѓето кои работат со него немаат ни трошка одговорност за трагедијата што се случи“.

– Истрагата ќе го утврди тоа. Како што знаете, јас прв се јавив на поканата за рочиште. Министерството со ниту еден акт не можеше да влијае на проектот и на квалитетот на реконструктивните работи во Нови Сад –  рече Весиќ.

Во петокот на 1 ноември на железничката станица во Нови Сад се урна бетонска настрешнива која усмрти 14 луже. Се уште тројца млади се борат за живот.

Поврзани содржини