ОДЕЛЕ ПО МАРКЕТИ ДА ПРОВЕРУВААТ ЦЕНИ, А ТРОШАТ 100.000 ЕВРА ЗА ЗАБАВА Украдените народни пари се користат за партиски настани на СДСМ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ да одговори и кој им ги плаќаше сметките по кафеаните и кафулињата во Струмица? Кој им ги плаќаше автобусите од Скопје за Струмица и неколкуте комбиња, според наши информации десеттина комбиња? СДСМ да престане да ги лаже граѓаните и да дава одговори, се потенцира во соопштението на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

1,172

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагира на изјавите на членката на Извршниот одбор на СДСМ, Лолита Ристова, која ја обвини Владата за неуспешни економски политики и за зголемување на цените на основните производи. Од ВМРО-ДПМНЕ возвраќаат дека СДСМ лажно се грижи за граѓаните, додека троши огромни средства на партиски забави. Партијата дополнително ја обвинува партијата СДСМ дека нејзината критика за економската состојба е неоснована и дека додека нејзините СДСМ зборува за тешката положба на граѓаните, всушност не покажува никаква реална грижа.

„СДСМ лажно се грижи за граѓаните, додека троши 100.000 евра за партиска забава во Струмица. СДСМ од ден на ден само ги покажува своето лицемерие и лагите. На СДСМ им текнало да одат по маркети. Тоа го зборуваат и го прават луѓе кои за партиска журка, наречена манифестација за Ден на жената, трошат околу 100.000 евра. СДСМ покажува само едно, дека лажно се бори за граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






СДСМ кога беше на власт крадеше, се додава во соопштението, а денес со украдените народни пари си организира партиски настани.

„СДСМ да одговори кој им плаќаше за бесмислениот партиски марш кој повеќе личеше на забава? СДСМ да одговори и кој им ги плаќаше сметките по кафеаните и кафулињата во Струмица? Кој им ги плаќаше автобусите од Скопје за Струмица и неколкуте комбиња, според наши информации десеттина комбиња? СДСМ да престане да ги лаже граѓаните и да дава одговори“, се потенцира во соопштението ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, членката на Извршниот одбор на СДСМ, Лолита Ристова, ја обвини Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека не прави ништо за да ги намали цените на основните прехранбени производи и дека политиките на замрзнување на маржите не дале никаков резултат. Таа дополнително ја обвини Владата дека во услови кога граѓаните немаат пари, Владата набавува луксузна храна.

– СДСМ направи контрола на цените на производите низ маркетите. Заклучокот е поразителен. Не само што нема намалување на цените, туку напротив, има и покачување кај голем дел од производите. Владините политики со замрзнување на маржите немаат никаков ефект. Нема ниту има робусна ниту жестока контрола како што вчера изјави премиерот Мицкоски. Тоа е една голема лага. Има само жестоко поскапување на производите кое го плаќаат граѓаните. Народот има се помалку пари и едвај врзува крај со крај – изјави Ристова.

Ристова смета дека реалноста со која се соочуваат граѓаните е сурова, а ги посочи и скапите производи во маркетите.

– Јајцата се повторно покачени на околу 100 денари, дури има до 140 денари за едно пакување. А беа 75 до 85 денари. Јогуртот со 3,2% масленост е 72 денари и нагоре. Млекото е исто така поскапено и се движи од 70 до 80 денари. Сирењето е поскапено и се продава од 440 до 650 денари Кашкавалот е луксуз веќе за граѓаните и речиси и да нема кашкавал под 600 денари. Шеќерот е поскапен, килограм се продава за 57 денари. И останатите производи се поскапени, грашокот, гравот, леќата, сѐ е поскапено а тоа граѓаните го чувствуваат секој ден и го гледаат во продавниците и во маркетите. Ова не е никаква грижа за граѓаните, ова е неспособност, негрижа, ова е одработување за интересот на големите трговци – изјави таа.

Додека народот се мачи со високите цени и со недоволните плати како да врзе крај со крај, додаде Рустова, како да го помине месецот, што ќе има на масата семејствата за јадење, Мицкоски и неговата влада се хранат со луксузни храни на грбот на истиот тој народ.

– Аспарагус, манго, папаја. Тоа е на менито на Мицкоски и неговите министри. Веќе е објавен оглас за набавка на огромно количество и на морски плодови, месо и риба за потребите на Владата. Додека народот нема за леб, тие набавуваат октоподи, лигни, школки, ракчиња, микс морски плодови, чаден лосос. Срамно! Но, апсурдноста да е уште пострашна, замислете, Владата одбива предлог за минимална плата од 500 евра, ама затоа потпишува договори за егзотично овошје, зеленчук, морски плодови, скапи авиони. Ова е најаздисаната влада досега која воопшто не мисли на граѓаните – обвини членката на Извршниот одбор на СДСМ.

Поврзани содржини