Одел по Месечината, денес прими вакцина: Ве молам сите пријавете се побрзо
Тој е познат бидејќи бил член на Аполо 11 мисијата, кога стана вториот човек, по Нил Армстронг, кој одел по Месечината.
Поранешниот американски астронаут, вториот човек кој одел по Месечината, Баз Олдрин денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавитусот, само неколку дена пред неговиот 91-ви роденден. Тој апелираше граѓаните на САД да го следат неговиот пример.
Олдрин се заблагодарил на лицатазадолжени за развој и дистрибуција на вакцините, пренесува „Њујорк пост“.
– Ве молам сите пријавете се за вакцина, за животот да може да се врати во нормала – порача Олдрин на Твитер.
Олдрин ја примил вакцината на Флорида, каде што живее откако се пензионирал, пренесува „Флорида тудеј“.
Тој е познат бидејќи бил член на Аполо 11 мисијата, кога стана вториот човек, по Нил Армстронг, кој одел по Месечината.
Како што пишува „Њујорк пост“ вакцините не му се непознати бидејќи астронаутите, според податоците на НАСА, пред мисијата Аполо 11, примиле неколку вакцини – против дифтерија, тетанус, грип, заушки, големи сипаници и жолта грозница.