ОДЕКНУВААТ ЗБОРОВИТЕ НА МАРИЈА ЗАХАРОВА Со остра реакција го предупреди западот, нивниот потег нема да остане без одговор
Ако зборуваме за право и законитост што важат со децении, тогаш не постои законски начин да се земе нешто од другите и да се присвои, посочи Захарова.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека обидот на Западот да го конфискува рускиот имот нема да остане без одговор.
– Обидите за присвојување на рускиот имот и активите ќе се сметаат за грабеж и нема да останат без одговор – рече Захарова на брифингот.
Таа додаде дека сите западни аргументи за легитимноста на конфискацијата на рускиот имот не го поминуваат тестот за легитимност.
– Ако зборуваме за право и законитост што важат со децении, тогаш не постои законски начин да се земе нешто од другите и да се присвои – посочи Захарова.