ОДЕКНАА СЕРИЈА ЕКСПЛОЗИИ ВО КИЕВ Најмалку еден загинат и еден ранет

Исто така, градот Лвив во западна Украина е без струја по руските напади, соопштија локалните власти.

263

Повеќе експлозии се слушнаа денеска во Киев, каде се огласија сирените за воздушен напад. „Погоден е еден од инфраструктурните објекти во главниот град. „Останете во засолништа! Воздушната тревога продолжува”, напиша на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко, без да наведе повеќе детали.

Едно лице загинало кога била погодена двокатна зграда во главниот град на Украина. Има и еден ранет.






Во последниве недели, Русија често го гранатираше украинскиот главен град, како и енергетските капацитети низ целата земја, што доведе до прекини на електрична енергија на многу места.

Исто така, градот Лвив во западна Украина е без струја по руските напади, соопштија локалните власти. Прекини на струја се забележани и во соседна Молдавија.

Поврзани содржини