ОДБИВАЛЕ МАСКИ И ТЕСТИРАЊА Во Австрија биле отпуштени 25 учители
Најголем број отпуштања имало во Долна Австрија, каде што осум наставници биле отпуштени.
Во Австрија, од почетокот на пандемијата, 25 наставници се отпуштени затоа што одбиле да ги почитуваат мерките за коронавирусот.
Тие не сакале да носат маски, ниту да бидат тестирани, односно одбивале да ги надгледуваат учениците за време на тестирањето.
Најголем број отпуштања имало во Долна Австрија, каде што осум наставници биле отпуштени.
Во Виена, пет наставници биле отпуштени, исто колку и во малата провинција Ворарлберг.
Во Горна Австрија, тројца наставници биле отпуштени затоа што не сакале да носат маска за време на часовите.
Во Штајерска, Салцбург и Каринтија, по еден наставник бил отпуштен, од кои едниот одлучи да оди на суд.
Само во Бургенланд и Тирол немало отпуштања на наставници поради непочитување на мерките.
Сепак, се додава дека во Тирол, тоа не значи дека нема отпор против мерките за коронавирусот во училиштата.
Училиштата се обидоа да постигнат решение во лични разговори со наставниците кои ги одбија мерките против ковид-19, а во поединечни случаи, во кои тоа не беше можно, беше применета суспензија.
Заканата за суспензија во Тирол функционираше, иако неколку наставници одлучиле да заминат на неплатен одмор.