ОДБИЛА ДА ПЛАТИ 700 ДЕНАРИ ЗА ВОЗЕЊЕ ОД ЦЕНТАР ДО ЧАИР Таксист со возилото удрил во патничката

492

Таксист ја удрил со возило 22-годишната патничка затоа што не сакала да плати 700 денари за возење на релација Чаир – Центар.

Од полицијата информираа дека утрово околу 05:15 часот, 22-годишната Е.Т. се качила во такси возило без ознаки и откако стигнале во Чаир каде требало да се симне, возачот од неа побарал да плати 700 денари, по што таа одбила со образложение дека тоа се премногу пари.






Кога таа почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото по што девојката паднала, а тој се вратил наназад и ја удрил. Е.Т. побарала лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Поврзани содржини