Во својот дом во Кочани вчера бил пронајден починат Г.П.(45) со повреда на главата, а смртта била пријавена утрото во 09 часот во СВР Штип.
МВР соопшти дека според пријавеното, околу 00:30 часот, пред неговиот двор тој паднал од мотоцикл и се здобил со повреди, а со помош на сосед бил внесен во домот, но одбил да оди на лекар.
Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.