Одбил да ја услужи муштериката без заштитна маска, добил 100.000 долари бакшиш ФОТО

2,171

Ленин Гутјерес (24) ја одработувал смената во „Старбакс“ во Сан Диего, Калифорнија, кога една жена без маска влегла во локалор, јавува телевизијата Ен-би-си.

Вработен на „Старбакс“ одбил да jа послужи клиентката Амбер Лин Гајлс, бидејќи не носела заштитна маска, а откако видеото од таа случка беше објавено на Фејсбук, тој доби 100.000 долари дониран „бакшиш“.






Гутјерес ја прашал дали има маска за лице, но пред да може да ѝ ги покаже правилата на неговата компанија, според кои од муштериите се бара да носат маски, жената го нападнала, а потоа и го снимала.

Откако незадоволната жена ја објавила снимката на социјалните мрежи, се случил пресврт кој сигурно не го очекувала.

Како што пренесува американската телевизија, на интернет наскоро осамнала страницата „GoFundMe страница за Ленин Гутјерес“, на која бил објавено спомнатото видео, а корисниците биле замолени да донираат бакшиш за вработениот во „Старбакс“.

На таа страница, на која досега се собрани 100.000 долари, се наведува и дека 100 отсто од парите ќе му бидат дадени на Гутјерес, за ​​да може да го оствари својот сон и да стане професионален танчар.

Незадоволната Амбер го објавила видеото на својот фејсбук-профил на 22 јуни.

Ен-би-си додава дека разговарала со жената, која рекла дека, откако го објавила видеото, добиле смртни закани од непознати луѓе.

A Starbucks barista received nearly $80,000 in tips after being ...

FOTO: Fejsbuk

Поврзани содржини