Oдбиени молбите на Трамп до Врховниот суд

Во прашање се резултатите од изборите во Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.

219

Врховниот суд на САД денеска формално ги отфрли барањата за брзо разгледување на случаите во врска со исходот од изборите во пет држави, во кои победи новоизбраниот претседател Џо Бајден, а беа поднесени од претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници.

Во прашање се резултатите од изборите во Аризона, Џорџија, Мичиген, Пенсилванија и Висконсин.






И пред тоа, судиите не сторија ништо во тие случаи пред минатонеделното пребројување на изборните гласови на Конгресот, што ја потврди победата на Бајден.

Судот се уште може да постапува по жалбите поврзани со изборите на 3 ноември подоцна оваа зима или напролет. Неколку судии изразија интерес за случајот во Пенсилванија, каде Врховниот суд на таа држава одлучи да го продолжи рокот за прием на гласачките ливчиња добиени по пошта за три дена.

Но, дури и ако судот покрене случај поврзан со изборите, веројатно нема да ги слушне аргументите до есен.

Поврзани содржини