OДБИЕНА ЖАЛБАТА НА ЗЕКИРИ Судот му го потврди притворот од 30 дена во Шутка

Зекири е осомничен за злоупотреби на јавна набавка за консултантски услуги, склучена во четири очи наместо преку тендер заедно со уште двајца хрватски државјани.

229

Одбиена е жалбата за притворот на поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири. Кривичниот совет на судот по одржата седница го потврди притворот  од 30 дена и тој останува во затворот Шутка, јавува Телма.

Зекири претходно поднесе оставка на функцијата генерален секретар во Владата откако Обвинителството за организиран криминал и корупција отвори истрага во која тој е осомничен за злоупотреби на јавна набавка за консултантски услуги, склучена во четири очи наместо преку тендер.






Заедно со него осомничени се и двајца хрватски државјани.

Поврзани содржини