ОДБИ ЛИ ГАЗДАТА НА ФАЈЗЕР ДА СЕ ВАКЦИНИРА? Еве каде грешат антиваксерите (ВИДЕО)

Треба да се знае дека во тоа време, воведувањето на вакцината во Германија само што започна, а вакцината беше достапна само за ранливите групи, како што се постарите и луѓето со компромитиран имунолошки систем. Д-р Шахин во интервјуот не наведе никаква загриженост за безбедноста, а на почетокот на годинава и јавно објави дека ги примил двете дози. Сличен случај пробаа да му направат и на извршниот директор Алберт Бурла за интервју за Си-Ен-Би-Си дадено лани на 14 декември.

1,909

Крајно неточно е тврдењето дека газдата на компанијата Фајзер БионТек одбил да прими вакцина против коронавирусот. Антиваксерите со месеци на интернет шират стари видеа со кои сакаат да ги извртат информациите, а порталот ИФЛ Наука покажува зошто тоа не така.

Во видеото кое неодамна протече се тврди дека д-р Угур Шахин, извршен директор на БионТек, кој соработуваше со Фајзер за да се создаде една од вакцините за коронавирусот, одбива да ја прими вакцината.






„На почетокот на оваа година, пронаоѓачот и инвеститор на вакцини, д-р Угур Шахин, извршен директор на БионТек и пронаоѓач на вакцината Фајзер, избегнуваше да одговори со какви било детали на прашањето зошто не бил вакциниран во тоа време, велејќи дека e противзаконски тој да го стори тоа. Проценете сами за неговата реакција на прашањето“, се вели во слична објава на Фејсбук.

Видеото е старо, тогаш во Германија се вакцинирале само ранливите

Видеото е преземено од интервју со Дојче Веле и објавено на Јутјуб на 22 декември 2020 година, пред вакцината да се појави во Германија. Д-р Шахин го прашуваат зошто сè уште не ја примил вакцината и покрај тоа што Европската унија ја одобри вакцината на 21 декември. Тој објаснува дека законски не ги исполнувал условите за вакцинирање.

Треба да се знае дека во тоа време, воведувањето на вакцината во Германија само што започна, а вакцината беше достапна само за ранливите групи, како што се постарите и луѓето со компромитиран имунолошки систем. Д-р Шахин во интервјуот не наведе никаква загриженост за безбедноста.

Газдата сам пријавил дека се вакцинирал на почетокот на оваа година

Оттогаш е потврдено дека д-р Шахин е целосно вакциниран и дека ја примил вакцината Фајзер-БионТек. Во имејл до новинската агенција Ројтерс, портпаролот на БионТек напиша:

„Угур Сахин ги прими своите први вакцини на почетокот на 2021 година, а бустер-дозата пред неколку недели. Текстот на кој тие (објавите на социјалните мрежи) се повикуваат е изјава дадена во декември 2020 година – таа е целосно застарена“.

Во слична антиваксерска објава широко споделувана во март 2021 година, се тврдеше дека извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, не примил вакцина за ковид-19, додека инсистираше на тоа дека другите ја примиле. Ова е исто така погрешно и се споделува надвор од контекст бидејќи Бурла исто така не ги исполнувал условите за вакцина кога видеото било снимено неколку месеци претходно.

 

И извршниот директор се вакцинирал, само не веднаш

Клипот доаѓа од интервју за Си-Ен-Би-Си на 14 декември 2020 година, во кое Бурла, дискутирајќи за поединци кои можеби се двоумат дали да ја добијат вакцината, беше прашан зошто сè уште не ја примил вакцината. Тој одговара дека сè уште не ги исполнува условите, тврдејќи дека не би било соодветно извршниот директор да го прескокне редот.

На прашањето кога ќе ја прими вакцината, тој рече:

– Колку побрзо можам, ќе го направам тоа! Единствената чувствителност овде, е тоа што не сакам да давам пример дека го прекинувам синџирот. Имам 59 години, добро здравје и не работам во првата линија (на удар). Така што на мојот тип (луѓе) не им се препорачува да се вакцинираат сега.

Исто како Шахин, Бурла оттогаш е вакциниран. Во март 2021 година, Бурла твитна слика на која ја прима вакцината, велејќи:

„Возбуден сум што ја добив втората доза од вакцината Фајзер БионТек“, напиша тој.

Поврзани содржини