ОДАМНА ВЕ ПРЕДУПРЕДИВМЕ ДЕКА РУСИЈА ЌЕ НАПАДНЕ Зеленски вели дека треба акција на НАТО по нападите врз Полска

Зеленски ја повтори поддршката на Украина за Полска, која прими милиони украински бегалци од избувнувањето на војната во февруари.

687

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва изјави дека „е неопходна акција по руските ракетни напади врз територија на НАТО”.

Ова е всушност одговорот на Зеленски за наводите дека руски проектили попладнево погодиле село во источна Полска и притоа кажа дека „одамна предупредува дека руските акции не се ограничени само на Украина”.






Зеленски ја повтори поддршката на Украина за Полска, која прими милиони украински бегалци од избувнувањето на војната во февруари.

Светот чека на објаснување кој е виновен за залутаните ракети за кои беше објавено дека убиле две лица на полско-украинската граница. Москва обвини дека Полска е таа која провоцира, но Пентагон е воздржан. Дел од страните уште ја согледуваат ситуацијата.

Портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано, за новинарите во Брисел кусо одговори дека нема коментар од страна на дипломатската служба на ЕУ по информацијата дека две руски ракети усмртија две лица во Полска.

– Нема да коментираме за тоа што се случи во Полска додека Полска не ја сподели својата проценка за тоа што се случи на Полска територија – рече Стано преку порака.

Тој истакна дека високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, е во контакт со полската дипломатија за да добие повеќе детали.

Шефицата на германската дипломатија,  Аналена Бербок, изрази жалење поради експлозијата во која загинаа две лица во слео во Полска во непосредна близина на границата со Украина, јави ДПА.

„Моите мисли се со Полска, нашиот близок сојузник и сосед”, напиша таа на Твитер доцна вечерва. „Внимателно ја следиме ситуацијата и сме во контакт со нашите полски пријатели и сојузниците во НАТО”, додаде таа.

ДПА пренесува дека НАТО и американското Министерство за одбрана (Пентагон)  соопштија дека работат на утврдување што се случило во селото Пржеводов, неколку десетици километри од Украина.

Владата во Варшава вечерва одржува кризен состанок и допрва треба да ја понуди својата верзија на настаните.

Според непотврдени извештаи во полските медиуми, проектил бил причина за експлозијата, пренесува ДПА.

Поврзани содржини