ОДАМНА НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ ВИСТИНСКА ХРАНА? Во сабота, во Градскиот парк ќе вкусуваме од традицијата

Другарка ми која летово дојде од Америка, постојано ме засрамува кога купуваме храна и пијалаци од пазарите и од нашите мали производители, затоа што на цел глас вика: „Лелее, еве, ова е вистинско, вистинска храна, како онаа на баба ми!!! Не, не, ова не се пропушта!“ Епа, ако и вие веќе го заборавивте вкусот на вистинската храна, дојдете на Националниот саем за храна и пијалаци во Градскиот парк, утре, 07.10. од 11 до 18 часот. Да се потсетите…

395

Секое лето кога доаѓа во Македонија, мојата другарка која инаку живее во Америка, се однесува не како да доаѓа од земја во која има и од пиле млеко, туку како некој кој одамна не видел и не вкусил храна. И постојано, кога ќе проба нешто од нашите мали производители на храна, ги шири очите како џамлии и доста гласно, коментира: „Лелее, еве, ова е вистинско, вистинска храна?! Вистинско е ова? Не, не, ова не се пропушта, ова е исто како храната на баба ми, или пак како она што го правеше мајка ми кога бевме мали, оф, сум заборавила колку е вкусно!“

Епа, ако и вие веќе го заборавивте вкусот на вистинската храна, дојдете на Националниот саем за храна и пијалаци во Градскиот парк утре, на 07.10. од 11 до 18 часот и ќе се потсетите…






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини