ОДАМ ДА ВИДАМ КОЈ ДО КАДЕ Е СПРЕМЕН ДА ОДИ Орбан ги разби гласините за тоа што ќе прави во Москва

Уште еднаш ќе појаснам дека унгарското претседателство не дава мандат за преговори во име на ЕУ, но можеме да дознаеме до каде е која страна подготвена да оди. Откако ќе го дознаеме тоа, лидерите на ЕУ можат заедно да носат одлуки, а по одлуките ќе може да се преговара. За жал, сè уште сме далеку од тоа, изјави Виктор Орбан.

1,025

Унгарското претседателство со ЕУ не ѝ дава мандат за преговори за Украина, но може да ги охрабри сите страни да тргнат по пат кој ќе заврши со преговори, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан, јавува РИА Новости.

– Уште еднаш ќе појаснам дека унгарското претседателство не дава мандат за преговори во име на ЕУ, но можеме да дознаеме до каде е која страна подготвена да оди. Откако ќе го дознаеме тоа, лидерите на ЕУ можат заедно да носат одлуки, а по одлуките ќе може да се преговара. За жал, сè уште сме далеку од тоа – изјави Орбан.






Според него, Унгарија „нема доволно тежина“, но може да стане „инструмент во рацете на луѓето кои сакаат мир“ и да ги поттикне двете страни на „долг пат, на крајот од кој може да има прекин на огнот и мировни преговори“.

Унгарските медиуми во четвртокот објавија дека унгарскиот премиер Виктор Орбан и министерот за надворешни работи Петер Сијарто во петок ќе ја посетат Москва.

Прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин во петок има напорен распоред. Во вторникот унгарскиот премиер по 12 години го посети Киев. На 1 јули Унгарија го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ.

„ЗАРЕМ Е МОЖНО ВИКТОРЕ?“ Европските колеги го ставија Орбан на тапет за претстојната посета на Москва

Поврзани содржини