Кремљ денеска соопшти дека Западот се однесуваат како бандити, но дека Русија е премногу голема за да биде изолирана бидејќи светот е многу поголем од САД и Европа, пренесоа британските медиуми.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, утринава на новинарите им кажа дека Западот е ангажиран во „економска бандитерија“ против Русија и дека Москва ќе одговори. Тој не прецизираше каков ќе биде одговорот, но кажа дека ќе биде во согласност со руските интереси.
– Ова не значи дека Русија е изолирана. Светот е преголем за Европа и Америка да изолираат земја, а уште повеќе земја голема како Русија. Има многу повеќе земји во светот – им рече Песков на новинарите.
Песков додаде дека доколку САД воведат санкции врз рускиот извоз на енергија, тогаш тоа ќе предизвика значителен потрес на енергетските пазари.