ОД ЗАГРИЖЕН СОПРУГ ДО ПРВ ОСОМНИЧЕН Откриени детали кои го ставија Брајан зад решетки за убиство на Ана Волш (ВИДЕО)

Утврдено е и дека по исчезнувањето на Ана, Брајан Волш купил средства за чистење во вредност од 450 долари и пребарувал на Интернет за „како да се ослободи од женско тело тешко 52 килограми“.

1,142

Сопругот на исчезнатата мајка од Масачусетс, Ана Волш, Брајан е обвинет за нејзиното убиство, три недели откако таа исчезна на Нова година, пишува „Дејли мејл“.

Случајот предизвика многу внимание во Србија, но и во САД, поради деталите од истрагата и бруталноста со која беше изведено убиството. Убиецот го исекол телото на парчиња, кои ги фрлил на засега непозната локација.






Откако беше уапсен пред една недела, Волш се изјасни за невин за сомнежот дека ја попречувал истрагата. Волш утре изутрина ќе биде сослушан во обвинителството во врска со обвиненијата за убиство. Обвинителот Морисеј рече дека другите детали за убиството на Ана Волш ќе бидат објавени подоцна.

39-годишната жена не е видена од 1 јануари, а нејзиниот работодавец во Вашингтон, а потоа и нејзиниот сопруг, ја известиле полицијата за нејзиното исчезнување на 4 јануари. Волш тогаш изјавил дека на 1 јануари, откако заедно ја прославиле Новата година, отишла на аеродромот за да се качи на авион за Вашингтон. Подоцна било утврдено дека Ана не се качила во тој авион. Сигналот на нејзиниот мобилен телефон бил регистриран следното утро во близина на нејзиниот дом во Кохасет, каде што живеела со нејзиниот сопруг и трите деца.

Полицијата пронајде крвави траги и скршен нож во подрумот на куќата, додека крвава пила и други предмети кои полицијата ги поврзува со исчезнувањето на Волш биле пронајдени во депонија во близина на куќата на мајката на Волш.

Утврдено е и дека по исчезнувањето на Ана, Брајан Волш купил средства за чистење во вредност од 450 долари и пребарувал на Интернет за „како да се ослободи од женско тело тешко 52 килограми“.

Поврзани содржини