ОД ВУЧИЌ ЕДНО „SORRY“ ЗА СИНИША МАЛИ Со дуксерот му се извини на својот министер
Некој ми го уништи неделното утро со моите деца и семејството – напиша министерот Синиша Мали на својот профил на Инстаграм.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ утрово со министерот за финансии Синиша Мали ги посети работите на изградбата на железничката станица Прокоп во Белград и изрази задоволство што работите напредуваат, јавија српските медиуми.
View this post on Instagram
Вучиќ во таа прилика носеше дуксер со натпис „Sorry“ (жалам или извини).
– Ова „Sorry“ e за Синиша Мали што морав да го разбудам толку рано – напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Пред тоа министерот Мали на својот профил се пожали дека Вучиќ „го малтретира“.
– Сега е седум часот и триесет минути. Некој ми го уништи неделното утро со моите деца и семејството, но, на крајот, не е лошо што дојдовме да ги посетиме работите на изградбата на прекрасната железничка станица Прокоп. И тој е задоволен, се надевам дека нема да ме малтретира следниот викенд – напиша Мали.
View this post on Instagram
Вучиќ изјави дека очекува работите на главната железничка станица Прокоп да завршат на Денот на ослободувањето на Белград на 20 октомври годинава.
Белград остана без главната железничка станица во 2018 година, кога неговата стара зграда, која е под заштита на спомениците на културата, беше затворена по 134 години, поради изградбата на проектот „Белград на вода“.