ОД ВТОРНИК НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО ЗА ОКТОМВРИ Вратете ги јакните накратко во плакар, летото ќе дојде за последен поздрав

До вторник времето ќе остане посвежо, со температури под просекот за октомври, соопшти УХМР.

731

Од вторник во Македонија ќе преовладува стабилно време со дневни температури малку над просекот за овој период од годината, соопшти Управата за хидрометоролошки работи.

До вторник, пак, ќе остане посвежо времето, со температури под просекот за октомври.






Времето утре ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Во Скопје ќе преовладува сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Поврзани содржини