ОД ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ Е ПУКАНО КОН КУЌА ВО ТЕТОВО Нема повредени во инцидентот

По пукањето полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде се пукало по што е почнат увид

213

Синоќа околу 22.45 часот на булеварот Илинден во Тетово се пукало од огнено оружје, за што жител на градот пријавил дека е пукано кон неговата куќа. Засега од СВР Тетово немаат информации за повредени луѓе.

-Во 22.45 часот М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. До сега нема пријава за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира СВР Тетово.






По пукањето полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде се пукало по што е почнат увид.

„На 11.04.2024 во 22.45 часот во СВР Тетово, М.Т. од Тетово пријавил дека од патничко возило „фолксваген поло“ во движење од огнено оружје било пукано кон неговата куќа на улица Илинденска во Тетово. Повредени лица нема, а биле направени ошетувања на влезната врата и ѕидовите од куќата. Увид бил извршен и по преземени мерки околу 01.35 часот на 12.04.2024 на патот Тетово-Попова Шапка возилото било пронајдено. Исто така, по преземени мерки било констатирано дека претходно било пријавено дека околу 22.30 часот со закана со огнено оружје возилото поло било одземено од Ф.Е. и неговиот татко Н.Е.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информираше полицијата.

Поврзани содржини
na