📽️ ОД ВАРДАР ДО ЛЕГЕНДА НА АЕК Македонец испиша историја во грчкиот клуб
Во сезоната 1994/95 Тони Савевски настапи и во Лигата на шампионите. Подоцна ја презеде и улогата на тренер во тимот што му стана втор дом. Денес има 61 година и живее далеку од очите на јавноста.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата на АЕК Атина е Македонец. По заминувањето од Вардар, Тони Савевски потпиша за АЕК и целата своја кариера ја помина во тој дрес. Во сезоната 1994/95 настапи и во Лигата на шампионите. Подоцна ја презеде и улогата на тренер во тимот што му стана втор дом.
Љубителите на фудбалот во Македонија го паметат по неговите почетоци. Савевски беше клучна фигура во средниот ред на шампионскиот Вардар од 1987 година, а забележа и неколку настапи за југословенската репрезентација.
Денес има 61 година и живее далеку од очите на јавноста. Ретко доаѓа во Македонија, а уште поретко во родната Битола.