ОД УТРЕ ВО „НИКОБ ЛАБ“ Бесплатен брз тест за деца од 0 до 18 години по индикација
Промоцијата почнува од утре, 18.02.2022 година и ќе трае 14 дена, а нејзиното продолжување ќе зависи од целокупната епидемиолошка состојба во државата.
„Никоб лаб“ од утре организира бесплатни тестирања за ковид-19 за деца од 0 до 18 години со брз антигенски тест ако тие имаат симптоми кои ги потврдил матичен лекар, ако имале потврден контакт со заболен или потврда од наставник за изолација.
– „Никоб лаб“ следејќи ја епидемиолошката состојба во државата, и имајќи предвид дека вториот дел од школската година штотуку започна, анализирајќи ги препораките на Комисијата за заразни болести дека вирусот се шири помеѓу учениците, како општествено одговорна компанија која сака да им излезе во пресрет на младите, семејствата, но и на здравствениот систем во целина, донесовме одлука за бесплатно тестирање со брзи антигенски тестови на сите деца и млади од 0 до 18 години кои имаат симптоми и за тоа имаат потврда од матичен доктор, потврден позитивен контакт и потврда од наставник/класен раководител за изолација – објаснуваат од компанијата.
Тестирањето ќе биде овозможено на сите пунктови на „Никоб лаб“ низ целата земја.
Промоцијата почнува од утре, 18.02.2022 година и ќе трае 14 дена, а нејзиното продолжување ќе зависи од целокупната епидемиолошка состојба во државата.