ОД УТРЕ ВЛЕГУВАМЕ ВО ПРОТОКАЛОВА ФАЗА И денеска ќе биде опасно топло

361

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје денот ќе биде сончев и многу топол со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде 39 степени.






Продолжува периодот на сончево и многу топло време, освен во недела кога во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C.

Од утре (четврток) до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Поврзани содржини